Нашите услуги се наменети да бидат флексибилни кон потребите на секој клиент. Секој нов клиент добива бесплатна виртуелна консултација од 15 минути пред започнувањето на било кој пакет.
Доколку сакате да закажете бесплатна почетна консултација контактирајте не тука —
Индивидуални Сесии
-
Стилистичката анализа на бои е процес на откривање на палетата која најдобро ги истакнува вашиот природен тен, бојата на косата и очите. Преку анализата ќе откриете кои нијанси создаваат најголема хармонија со вашиот изглед и како да ги примените при изборот на облека, шминка и модни додатоци.
Времетраење: 45 минути
Цена: 3.500 ден. -
Услуга наменета за оние кои сакаат да откријат нови начини како да ги носат парчињата што веќе ги имаат во својот гардеробер. Заедно со професионален стилист, од одбрани парчиња креираме минимум 7 комплетни комбинации, приспособени на вашиот личен стил, потреби и секојдневие.
Времетраење: 60 минути
Цена: 3.500 ден. -
Стајлингот пред патување ви помага да подготвите практичен и стилски гардеробер според вашата дестинација, времетраењето на патувањето и активностите што ве очекуваат.
Заедно со професионален стилист креирате комбинации со фокус на паметно пакување, мултифункционални парчиња и максимално искористување на гардеробата што ја носите со вас.
**Услугата е наменета за патувања до 10 дена. За подолги патувања, цената и времетраењето се одредуваат според индивидуалните потреби.
Времетраење: 60 минути
Цена: 4.000 ден. -
Корпоративниот стајлинг е индивидуална услуга наменета за професионалци кои сакаат да изградат визуелен идентитет што соодветствува со нивната кариера, работна средина и професионални цели.
Заедно со професионален стилист ќе дефинирате насоки за деловно облекување, ќе креирате соодветни комбинации и ќе научите како преку облеката да изградите професионален имиџ кој е истовремено автентичен, современ и соодветен за вашата индустрија.
Времетраење: 60 минути
Цена: 4.000 ден.** За корпоративен стајлинг, работилници и услуги наменети за компании и тимови, контактирајте нè за индивидуална понуда.
-
Персонализираниот шопинг е индивидуално шопинг искуство со професионален стилист, креирано според вашиот личен стил, потреби и буџет.
Пред сесијата ги дефинираме вашите цели и парчињата кои ви недостасуваат, а за време на шопингот стилистот ве води низ внимателно одбрани продавници, предлага комбинации и ве поттикнува да пробате парчиња кои можеби не би ги избрале сами.
Целта е да купувате попаметно и да инвестирате во парчиња кои навистина ќе ги носите и лесно ќе ги вклопите во постоечкиот гардеробер.
Времетраење: до 2 часа
Цена: 6.000 ден. -
Заедно со професионален стилист креирате внимателно одбрана селекција на парчиња кои лесно се комбинираат меѓусебно и создаваат функционална, стилска и автентична гардероба за претстојната сезона.
Целта е со помал број внимателно избрани парчиња да добиете повеќе комбинации кои одговараат на вашиот личен стил, секојдневие и потреби.
Времетраење: до 2 часа
Цена: 5.500 ден.
Доколку имате прашања или сакате да закажете сесија, слободно контактирајте нѐ.
*Сите услуги освен персонализираниот шопинг, може да бидат спроведени онлајн или со лично присуство на професионален стилист.
Доколку сакате да работите со стилист од комодитетот на Вашиот дом, услугата се наплаќа додатно во согласност со далечината на Вашиот дом од нашето студио.
СС Пакети на Трансформација ____________________________________________
-
За оние кои веќе имаат изградена гардероба, но сакаат да ја освежат и приспособат за претстојната сезона.
Заедно со професионален стилист ќе направите селекција на парчињата кои вреди да останат во сезонската ротација, ќе ги идентификувате празнините во гардеробата и ќе додадете нови парчиња кои лесно се комбинираат со она што веќе го поседувате.
Пакетот вклучува:
Виртуелна селекција на сезонската гардероба
2 часа персонализиран шопинг со стилист
Стајлинг на 10 комбинации
Дигитален преглед на креираните комбинации
2 недели стилистичка поддршка преку СМС
Дополнително, по желба: помош при селектирање и донирање на парчиња кои повеќе не ги носите.
Цена: 10.000 ден.
-
За оние кои сакаат да изградат функционална и внимателно осмислена гардероба која одговара на нивниот личен стил и секојдневие.
Заедно со професионален стилист ќе ги идентификувате клучните парчиња кои недостасуваат во вашиот гардеробер, ќе направите паметни и насочени купувања и ќе добиете готови комбинации кои лесно можете да ги применувате во секојдневието.
Пакетот вклучува:
2 часа персонализиран шопинг со стилист
Стајлинг на 15 комбинации
Дигитален преглед на креираните комбинации
2 недели стилистичка поддршка преку СМС
Дополнително, по желба: помош при селектирање и донирање на гардероба која повеќе не ја носите.
Цена: 12.000 ден.
-
Нашиот најкомплетен styling пакет, создаден за оние кои сакаат целосно да го редефинираат својот личен стил и да изградат гардероба која го одразува нивниот идентитет, начин на живот и потреби.
Процесот започнува со индивидуална Style & Identity консултација, каде преку принципите на модната психологија го дефинираме вашиот визуелен идентитет и насоката во која сакаме да ја развиваме гардеробата.
Потоа, заедно со StyleSipher тимот, ја анализираме постоечката гардероба, ги идентификуваме парчињата кои недостасуваат, правиме насочен шопинг и создаваме нов систем на комбинации кој можете практично да го применувате.
Пакетот вклучува:
Style & Identity консултација
Детална селекција и организација на постоечката гардероба
4 часа персонализиран шопинг
Стајлинг на 20 комбинации
Дигитален преглед на креираните комбинации
3 недели стилистичка поддршка преку СМС
Помош при селектирање и донирање на гардероба која повеќе не ја носите
Цена: 20.000 ден.